Фотопортрет на разголена Џенифер Анистон на аукција за добротворни цели
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 02 Јуни 2020
Холивудската актерка Џенифер Анистон повторно се враќа на еден од своите најсексапилни фотомоменти пред објективот на Марк Селиџер во проект за добротворни цели.
Ѕвездата од хит-серијата „Пријатели“ се здружи со познатиот фотограф за аукција на фотографија од 1995 година, на која таа позира гола. Целта на проектот е да се соберат пари за помош во битката против Ковид-19.
Црно-белиот портрет од 1995 година е една од највпечатливите фотографии на Анистон, на кој таа елегантно позира за да ги скрие своите интимни делови.
Нема сомнение дека фотопортретот е направен во 90-тите, а на него е и потписот на Џенифер - „фризура на Рејчел“. Придружното видео го покажува Селиџер како работи во темна просторија.
Анистон пишува за обидот за прибирање финансиски средства, а објавата носи наслов „Утринско шоу“: Мојот драг пријател Марк Селиџер соработува со „Радвокаси“ и „Кристи-Синк“ за аукција на 25 негови фотопортрети, вклучително и мојот, за помош во справувањето со Ковид-19.
Целиот приход од продажбата на овој портрет ќе оди за „Нафклиникс“, организација која обезбедува бесплатно тестирање на коронавирусот и нега на национално ниво, напиша Џенифер на својот „Инстаграм“.
На продажба се и портрети на sвездите Леонардо ди Каприо, Били Ајлиш, Д-р Дре и Снуп Дог.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс