Пејачката Пинк објави дека има коронавирус

Пејачката Пинк објави дека е позитивна на коронавирус. Таа вели дека се чувствува добро и дека заедно со нејзиниот тригодишен син ги почувствувале симптомите пред две недели, за потоа да се тестира.

Пејачката истакна дека членовите на нејзиното семејство веќе се во домашна изолација и се негативни на Ковид 19.

View this post on Instagram A post shared by Brooke Baldwin (@brooke_baldwin) on Apr 3, 2020 at 9:44am PDT

„Не е добро тоа што тестовите не се пристапни за сите, а оваа болест е сериозна и ги напаѓа сите и млади и стари, здрави и болни, богати и сиромашни. Затоа тестовите мораат да им бидат достапни на пошироката маса“ напиша Пинк.

Пејачката најави дека ќе донира по 500.000 долари на две служби за итни ситуации.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.