Пенелопе Круз донираше медицинска опрема за шпанските болници

Пенелопе Круз и нејзиниот сопруг, актерот Хавиер Бардем, им се придружија на многуте славни личности вклучени во помошта во борбата против коронавирусот.

Актерката сподели фотографија на својот инстаграм-профил и ги извести сите дека двајцата успеале да купат медицинска опрема за болниците и на тој начин да помогнат во борбата против коронавирусот.

https://www.instagram.com/p/B-PK3n8HQY4/?utm_source=ig_embed

„По многу денови поминати во пронаоѓање, купување и донирање на медицинска опрема која во моментов е најпотребна, Хавиер и јас конечно успеавме. Благодарение на логистичката помош на компанијата Индитекс, успеавме да набавиме 100.000 нитрилни ракавици и 20.000 маски од типот FFP2, кои пристигнаа во болницата Ла Паз во Мадрид. Се надеваме дека наскоро ќе можеме да донираме и други материјали што се толку неопходни во оваа криза. Им се заблагодаруваме на хероите кои го ризикуваат сопственото здравје заради грижата и заздравувањето на сите нас. Благодарам“, напиша таа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.