Боб Дилан со нова песна по пауза од 8 години

Американскиот пејач-текстописец Боб Дилан ги изненади фановите со својата прва оригинална песна во осум години, 17-минутна балада за атентатот на 35.  претседател на САД Џон Ф. Кенеди.

Во придружба на нежно пијано, чело и пригушени тапани, кои даваат една посебна магија на целата изведба, песната со назив Murder Most Foul го раскажува убиството на претседателот додека ја опишува еволуцијата на контракултурата на 1960-тите.

„Ова е неиздадена песна што ја снимивме неодамна и може да ви биде интересна. Бидете безбедни и Бог да е со вас", напиша Дилан на својата веб-страница, заедно со портрет на Кенеди, кој беше убиен во 1963 година возејќи се во поворка низ Далас.

Во песната се спомнуваат имиња на музичари, бендови  и референци за поп-културата, вклучувајќи ги Битлси, Чарли Паркер, Иглс, Стиви Никс и фестивалот Вудсток.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.