Пласидо Доминго итно пренесен во болница поради коронавирусот
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 30 Март 2020
Познатиот оперски пејач Пласидо Доминго (77) итно бил пренесен во болница бидејќи неговото здравје се влошило една недела по утврдувањето дека е заразен со коронавирус.
Доминго бил на домашно лекување во мексиканското одморалиште Акапулко, но неговата состојба се влошила, па бил итно пренесен во болница за да биде под медицински надзор, јавуваат светските медиуми.
https://twitter.com/GinnyBeagan/status/1244507521668300800
Според портпаролот на Доминго, оперскиот пејач моментно е во стабилна состојба.
Првите симптоми Доминго ги добил на 13 март, два дена откако пристигна, во Мексико, а неодамна на „Фејсбук“ објави дека бил тестиран и дека е позитивен на коронавирус.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс