Објавен датумот за Мегзит

Мегзит или новиот живот на Хари и Меган официјално започнува на 31 март. По тој датум, парот нема да има канцеларија во Бакингамската палата.

 

Хари ќе ги задржи своите воени одликувања, но неговите почесни воени позиции нема да бидат користени во текот на 12-месечниот пробен период.

 

Исто така, веќе е јасно дека двајцата треба да ја напуштат марката Сасекс Ројал. После долгите разговори со кралицата и кралскиот суд, експертите дошле до заклучок дека веќе не е соодветно младото семејство да го користи зборот „кралски“ во нивниот „брендинг“.

 

Двојката се очекува да ги исполни своите последни должности на 9-ти март. Двајцата трајно ќе се преселат во Канада.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.