Елтон Џон го изгубил гласот за време на концерт и се расплакал

Очигледно вознемирениот сер Елтон Џон бил принуден да го прекине концертот во Нов Зеланд заради пневмонија. 72-годишниот музичар го загубил гласот среде концертот на стадионот Окленд Монт Смарт.

 

„Само што го изгубив гласот целосно. Не можам да пеам“, им рекол пејачот на присутните. „Морам да одам. Жал ми е“.

 

Потоа Елтон заплакал, потпирајќи се на неговото пијано и ја тресел главата. Англискиот пејач бил испратен со аплауз од публиката кога полека заминувал по сцената, помогнат од неколкумина асистенти.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.