Животот на Меган Маркл како обична домаќинка

Меган Маркл не жали што се откажа од своето кралско семејство. Поранешната војвотка од Сасекс го изјавила ова на нејзин близок пријател.

 

Неодамна сподели дека чувствува како голема тежина и паднала од рамената и сега ужива во нејзината слобода.

 

„Тие поминуваат време заедно како семејство. Меган готви, па дури и подготвува домашна бебешка храна за Арчи“, вели пријател на Маркл.

 

Откако ја постави рутината, Меган исто така презеде некои чекори за продолжување на кариерата. Таа и кажала на нејзина пријателка дека работата со Дизни е далеку од завршена. Саундтракот на филмот е само почеток.

 

Потсетуваме дека Меган потпиша договор со гигантот Дизни и ќе синхронизира анимирани филмови. Компанијата е подготвена да направи голема донација на добротворната организација која работи за спасување на слонови, како замена за работата на Меган.

 

Поранешната кралска двојка, која рече дека сака да биде финансиски независна кога се повлече од своите кралски должности, се чинеше дека е нестрплива да го започне својот нов живот.

 

Еден пријател додаде: „Скоро целиот нивен свет сега се врти околу Арчи. Меган е во форма во моментов. Нејзиниот секојдневен живот е разновиден - вежба јога и долго пешачи“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.