Кејт Мидлтон храни јагниња и држи змија на фарма

Британската војвотка Кејт, сопруга на принцот Вилијам, се состана со локални семејства за време на ненадејната посета на Северна Ирска, јавија медиумите.

 

Ова е прва нејзина самостојна посета на провинцијата управувана од Велика Британија. Кралското лице ја посетило Арка Опен Фарм, семејна атракција специјализирана за одгледување ретки раси на добиток со специјално определени места за играње за деца. Таму хранеше мали јагниња, имаше блиска средба со алпака, па дури и држеше змија.

 

Војвотката од Кембриџ учествува во национална кампања во Велика Британија, насочена кон подобрување на животните услови на децата. Таа, исто така се очекува да ја посети Шкотска, откако дозна за слични проекти во Англија и Велс.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.