Ди Каприо и Де Ниро ќе соработуваат во новиот филм на Мартин Скорсезе

Роберт де Ниро е годинешниот добитник на наградата за животно дело од Американското здружение на актерите, а честа да го претстави му припадна на Леонардо ди Каприо, кој последен пат глумеше со Де Ниро во „Животот на момчето“ во 1993 година.

 

Во говорот пред врачувањето на наградата Ди Каприо се осврна на плодната соработка на Де Ниро и режисерот Мартин Скорсезе, кој ни ги подари култните остварувања, како „Таксист“ и „Разгневениот бик“ во текот на изминатиот половина век, а нивната последна соработка на „Ирецот“ е годинешен кандидат за „Оскар“ за најдобра слика.

 

 

„Научив многу од обајцата (Де Ниро и Скорсезе). Среќен сум што можам да ги наречам мои соработници. Боб од снимањето на „Животот на момчето“ и Марти од „Бандите од Њујорк“. Вистинска чест е што по 30 години, ќе имам можност повторно да глумим заедно со Боб во претстојната драма на Мартин Скорсезе, Killers of the Flower Moon, рече Ди Каприо.

 

Следното остварување на Скорсезе ќе се заснова на книгата на Дејвид Грин - Killers of the Flower Moon: The Osage Murders and the Birth of the FBI, според УНИЛАД.

 

Дејството на филмот се одвива во 1920 година и зборува за семејство на американски домородци од племето Осаж, кои некогаш биле најбогата нација во светот благодарение на нафтата пронајдена на нивната територија.

 

За Ди Каприо, ова ќе биде шестиот филм што го прави со Скорсезе, а прв по „Волкот од Волстрит“ во 2013 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.