Принцот Хари по стапките на Едвард Осми

Кралот Едвард Осми ќе остане запаметен во историјата како британски крал кој се откажал од престолот поради љубовта кон младата Американка Волис Симпсон

 

Иако во 1936 година станал крал на Обединетото Кралство на Велика Британија, тој истата година абдицирал и престолот го препуштил на Џорџ Шести, таткото на  Елизабета Втора.

 

Меѓутоа, и покрај неговото напуштање на престолот тој останал доста популарен кај народот. Како Едвард Осми, така и принцот Хари ужива огромна популарност кај народот. Во 2018 година принцот Хари всушност бил на врвот на листата за најомилени членови од кралското семејство. Во анкетата на YouGov, тој бил оценет како пријатна личност од 77% од испитаниците, по што следеле кралицата (74%) и принцот Вилијам (73%).

 

Принцот Хари има повеќе сличности со  Едвард Осми, покрај одличните воени кариери, и двајцата како свои животни сопатнички избраа Американки, откажувајќи се од кралските должности.

 

Овие денови актуелно е соопштението на принцот Хари и на Бакимгенмската палата  во кое се истакнува дека принцот Хари и Меган Маркл повеќе време ќе поминуваат во Северна Америка  и дека ќе се откажат од кралските должности, меѓутоа нивната  поддршка кон кралицата Елизабета Втора останува.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.