КВИН ќе учествува на добротворен концерт за Австралија

Британскиот бенд КВИН со вокалистот Адам Ламберт, рок-ветеранот Алис Купер и австралиската пејачка Оливија Њутн Џон ќе учествуваат на добротворениот концерт за помош од шумските пожари во Австралија, јавија светските агенции.

 

Манифестацијата, наречена „Противпожарна борба за Австралија“, ќе се случи на 16 февруари на стадионот во Сиднеј. Други  sвезди кои потвдрили учество се австралиските Делта Гурем и Џонсон Фарнам и канадскиот КД Ланг. Последен пат, КВИН настапи како дел од добротворниот концерт на лондонскиот стадион „Вембли“ во 1985 година. Предводникот на групата во тоа време беше незаборавниот Фреди Меркјури.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.