Најдобро облечени актерки на црвениот тепих на Critics' Choice Awards

Водечките дами на Холивуд заблескаа во полн сјај на 25-та по ред годишна церемонија Critics' Choice Awards - доделување награди по избор на критичари од САД и Канада.

 

Џенифер Лопез, Ен Хатавеј, Зендаја и Шарлиз Терон и Сара Снук беа меѓу најелегантните на свечениот настан што се одржа синоќа во Лос Анџелес.

 

А според „Дејли мејл“,  никој не блескаше повеќе од Џенифер Лопез, која ја крена жештината на црвениот тепих во тесен фустан на Џорџ Хобеика, кој ја истакна нејзината тонирана фигура.

 

Ен Хатавеј, Зендаја и Шарлиз Терон, исто така, предизвикаа воодушевување во привлечни фустани додека влегуваа во Баркер Хангар во Лос Анџелес.

 

Асоцијацијата на филмските критичари (BFCA) и асоцијацијата на телевизиски новинари (BTJA) ги прогласи победниците на 25-те по ред Annual Critics’ Choice Awards, во живо од Barker Hangar во Санта Моника.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.