Елтон Џон ги поддржува принцот Хари и Меган

Познатиот англиски пејач-текстописец Сер Елтон Џон ги поддржува принцот Хари и Меган Маркл, во обидот да се откажат од нивната улога во британската монархија, пренесува Дејли Стар.

 

Според весникот, парот очигледно ги споделил со Сер Елтон нивните планови пред да ја известат кралицата. 

 

„Тие донесоа своја одлука, но тој им е рамо да се потпрат и нему му кажуваат за нивните планови. Тој им е постојана поддршка, особено на Меган, и е многу загрижен за обајцата“, објасни изворот на весникот.

 

Извор близок на пејачот, исто така, рече дека Сер Елтон Џон е „поддршка“ на Хари и Меган и дека тој „никогаш не би им кажал што да прават, туку само ги слушал и ги поддржувал“.

 

Весникот исто така наведува дека Сер Елтон Џон бил „пријател“ на покојната мајка на Хари, принцезата Дајана и дека војводата и војвотката од Сасекс разговарале со него „секој ден со месеци“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.