(Видео) Жежок танц на шипка во изведба на Џеј Ло

Актерката Џенифер Лопез (50) беше воодушевена од веста дека е номинирана за „Златен глобус“ за нејзината улога на Рамона во филмот „Hustlers“. Таа игра стриптизета која заработува пари за себе и своето дете со танцување во клуб.

 

Сцените ги воодушевија нејзините следбеници, а нејзиниот свршеник Алекс Родригез (44) го пофали нејзиниот труд на социјалните мрежи. Неодамна на „Јутјуб“ се појави видео во кое Џенифер танцува на шипка, мрда со задникот, се забавува со гостите, а околу неа има многу банкноти што ги  добива од нив.

 

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=-GqDUpFhZWo&feature=emb_logo

 

Нејзините следбеници напишаа бројни коментари под видеото, а се чини дека Џенифер овој пат ги шокираше со нејзиниот танц и талент.

 

За потребите на улогата, пејачката мораше да тренира и напорно да вежба за да биде во совршена форма. Исто така таа посети и неколку стриптиз-клубови за да дознае повеќе за работата на девојките што танцуваат на шипка.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.