Повторно на аукција фустанот во кој Леди Ди танцуваше со Траволта

Фустанот што принцезата Дајана го носеше кога танцуваше со Џон Траволта на свечена вечера во Белата куќа, повторно ќе се најде на аукција на 9 декември, објави лондонската аукциска куќа „Кери Тејлор“.

 

Леди Ди носеше долг кадифен темносин фустан со големо деколте дизајниран од Виктор Еделштајн за време на посетата на Соединетите Држави во 1985 година на свечената вечера што ја приреди тогашниот претседател Роналд Реган во чест на кралската двојка.

 

https://www.instagram.com/p/B5CEwN4HgfC/?utm_source=ig_embed

 

Фустанот го привлече вниманието на јавноста кога покојната принцеза танцуваше во него на подиумот на Белата куќа со холивудската ѕвезда Џон Траволта. Фустанот веќе беше продаден на аукција во 2013 година на анонимен понудувач кој го купил како изненадување за неговата сопруга.

 

Сопственичката на аукциската куќа тврди дека принцезата Дајана пред да отпатува во Соединетите Држави изразила желба да танцува со славниот актер. Се проценува дека фустанот  ќе се продаде за 250.000 до 350.000 фунти.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.