Анџелина позираше гола (ФОТО)

Анџелина Џоли (44) се фотографираше гола за модниот магазин „Харпер базар“. На фотографијата што ја сподели магазинот на „Инстаграм“, Анџелина позира целосно гола, покриена со проѕирен превез, а сними и неколку различни фотографии.

 

https://www.instagram.com/p/B4fJKm8JSs1/?utm_source=ig_embed

 

На едната од нив позира од глава до петици покриена со проѕирна црна мрежа под која носи само градник и килоти.

 

https://www.instagram.com/p/B4fFQIclsvj/?utm_source=ig_embed

 

Во интервју, актерката се опиша себеси како „дива во срцето“ и „немирна“ и откри дека сака да се пресели во странство, но нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит (55) се спротивставува на тоа.

 

„Јас би сакала да живеам надвор, а тоа и ќе го сторам штом моите деца наполнат 18 години. Треба да бидеме близу до нивниот татко во моментов“, рече таа.

 

Таа исто така призна дека последниве години „поминала многу“ и дека носи „видливи и невидливи лузни“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.