По речиси една година од раѓањето на неговиот син, Гир повторно ќе стане татко

Холивудскиот актер Ричард Гир (70) и неговата млада сопруга Алехандра Силва (36) очекуваат второ дете, пренесуваат шпанските медиуми. Веста за бременоста доаѓа само девет месеци откако го добија првото заедничко бебе.

 

Својата врска ја започнале уште додека Гир бил во брак со Кери Лоуел (58), но наскоро ја напуштил поранешната сопруга заради ќерката на Игнасио Силва, поранешен потпретседател на „Реал Мадрид“. Актерот треба да стане татко напролет, на возраст од 71 година.

 

Двојката првото заедничко дете го доби во февруари, а тие не се појавија со момчето во јавност, но папараците ги „фатија“ за време на летниот одмор во Шпанија. Алехандра од последниот брак има син Алберт (7), додека Гир со неговата поранешна сопруга го има синот Хомер Џејмс (18).





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.