Ричард Гир им помогнал на заробените мигранти во Средоземното Море

Холивудскиот актер Ричард Гир им помогна на мигрантите да се спасат од медитеранските води. 

 

Тој донел храна и вода во нивниот брод, во кој има и 32 деца.

 

Актерот побарал безбедно пристаниште за 120-те лица кои веќе 8 дена се наоѓале на бродот. Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини напиша на Твитер дека ја замолил Шпанија да се погрижи за патниците. Сепак, портпаролoт на Мадрид изјави дека нема информации од Рим во врска ова прашање.

 

Сепак, Шпанија дозволи бродот да се всидри во најблиското пристаниште.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.