Дадилката ангажирана од Меган и Хари потпишала документ со строга доверливост

Помина повеќе од еден месец, откако Меган Маркeл и принцот Хари го добија својот син Archie.

 

Тие официјално си ангажираа дадилка, но за да работи кај нив, жената која се грижи за кралското бебе потпишала договор за строга доверливост, пишува сајтот "Marie Claire".

 

Името на дадилка не е објавено во јавност. Сепак, нејзиното доаѓање не значи дека Војвотката ќе спие повеќе.  Кралскиот репортер Кејти Никол раскажува: "Меган одговара за ноќното доење, односно хранењето на неколку часа". Освен тоа се чини дека да Archie е "гладно мало бебе".

Меган посветува 100% од нејзиното внимание да биде добра мајка. Не брза да се врати во форма со тешки вежби во теретана, туку се насладува на мајчинството.

 

Според кралскиот новинар, Меган и Хари можеби ќе објават нова семејна фотографија за Денот на таткото.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.