Ким Кардашијан му даде име и на четвртото дете

Риалити ѕвездата Ким Кардашијан го откри името на четвртото дете - Псалм Вест, откако постави слика на новороденчето на социјалните мрежи, пренесуваат медиумите.

 

Псалм, чие име во САД се изговара Сем, се роди на 9 мај. Фотографија на бебето во бели пелени во неговото детско креветче се појави по повод Денот на мајката со натпис: "Еден прекрасен Ден на мајката!".


Бебето е второ момче и второ, родено од сурогат мајка поради здравствените проблеми на Ким Кардашијан за време на претходните две бремености. Другите три деца на семејството Вест се 5-годишната Норт, 3-годишниот Сент и 15-месечната Чикаго.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.