Мадона посети ноќен клуб во Тел Авив

 Кралицата на поп музиката Мадона, која вечерва ќе пее како гостин во финалето на "Евровизија-2019", посети ноќен клуб во Тел Авив, сместен на крајбрежниот медитерански булевар, каде се одржуваа гламурозни забави поврзани со "Евровизија".

 

 60-годишната пејачка во изјава оваа недела ја објасни својата одлука да пее на сцената на Евровизија, истакнувајќи дека нема да отстапи од линијата за заштита на човековите права и се надева дека ќе има "нов пат кон мирот".

 

"Никогаш нема да престанам да пеам поради нечии политички цели или да престанам да зборувам против кршењето на човековите права во светот, каде и да се случува тоа", изјави пејачката.

 

Претставниците на Палестинската кампања за научен и културен бојкот на Израел од своја страна и реплицира "да имиџ преку уметност на израелското брутално угнетување над Палестинците за 1 милион долари е сигурно една од најпознатите неморални политички постапки".





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.