Никој не помислуваше дека и ова ќе биде модерно, но и тоа се случи. Сандали кои наскоро ќе се носат и на скопските улици

Овие сандали се доказ дека модата се повторува одново и одново ...

 

Можеби ќе се смеевме пред неколку години ако некој речеше дека овие сандали ќе станат моден тренд, но се чини дека дојде и тоа време.

 

Имено, сандалите "тато" пристигнаа во луксузни верзии. На последните модни ревии на дизајнерите Гучи, Прада и Ен Суи, единствената обувка што беше носена на модната писта беа овие сандали.

 

Сепак, и покрај нивниот непривлечен изглед, овие сандали се многу удобни и обезбедуваат одлична поддршка за нозете за време на долги прошетки, за да можеме да ги наречеме "здрави модни трендови".

 

Ако одлучите да им дадете можност, тоа не значи дека ќе треба да издвоите висока сума пари, како за оние со дизајнерски потпис, бидејќи уличните продавници создадоа исти (не) атрактивни примери.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.