Почина кечерката и манекенка Ешли Масаро

Поранешната кечерка и манекенка Ешли Масаро почина десет дена пред својот 40. роденден. Американката била во нејзиниот дом кога ѝ се слошило. Веднаш била пренесена в болница, каде што и починала.

 

Причините за смртта сè уште не се разјаснети, но полицијата соопшти дека нема траги од насилство.

 

Масаро беше една од најголемите ѕвезди во американското кечерство меѓу 2005 и 2008 година. Подоцна, таа се обиде и како модел и како учесник во реално шоу, а се појави и на насловна страница на списанието „Плејбој".

 

Ешли зад себе остави 18-годишна ќерка.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.