Тамара со „Proud“ вечерва настапува во втората полуфинална вечер на 64. Евровизија

Тамара Тодевска со песната „Proud“ („Горда“) вечерва настапува во втората полуфинална вечер на 64. Евровизија, што се одржува во Тел Авив, Израел.

 

Тамара Тодевска четврти пат учествува на Евровизија, но првпат како солист. Таа ќе настапи под реден број 17, а придружни вокали ќе ѝ бидат Александра Јанева, Антонија Гиговска и Васил Гарванлиев. Автори на песната се Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров, а текстот е на Коста Петров и Сања Поповска.

 

Спотот е во режија на Чедо Поповски. Од 17 земји кои настапија на првата полуфинална вечер, во финалето се пласираа изведувачите од Грција, Белорусија, Србија, Кипар, Естонија, Чешка, Австралија, Исланд, Сан Марино и Словенија.

 

Во финалето, в сабота , 26 земји ќе настапат, а ќе можат да гласаат сите 41. Покрај пласираните од полуфиналињата, ќе пеат и претставниците на големата четворка плус земјата домаќин: Италија, Франција, Германија, Шпанија, Англија и Израел.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.