Нејзиниот совршен поглед секогаш привлекува внимание, но папараците овој пат ја уловија неподготвена

Поп дива Џенифер Лопез е позната како жена која се грижи за нејзиниот изглед,со практикување на здрава и регулирана исхрана.

 

Таа неодамна се обиде да мотивира многу фанови ширум светот да ѝ се приклучат во еден вид "предизвик", каде што ќе водат грижа за храната што ја консумираат.

 

Покрај тоа, таа редовно вежба и е посветена на здрав живот. Џеј Ло често ги споделува своите фотографии на социјални мрежи, а често во крупен кадар е нејзиниот стомак и совршените плочки, на кои сите жени ѝ завидуват.

 

Сепак, последните фотографии покажуваат дека можеби и Џенифер Лопез понекогаш си игра во фото шоп. Имено, папараците ја сликале на Бахамите и мора да признаеме дека Џенифер навистина изгледа извонредно за нејзините години.

 

Сепак, нејзиниот стомак не е толку совршен како што е на Instagram, па затоа може да се види дека дивата сака да игра малку со дотерување на фотографиите, но важно е да не се претера.

 

Во секој случај, таа сигурно е една од најжешките холивудски жени.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.