Ќерката на Мајкл Џексон ги негираше гласините за обид за самоубиство

Париз Џексон, ќерката на пејачот, Мајкл Џексон, ги негира гласините дека се обидела да изврши самоубиство и ги нарече луѓето што ја дистрибуираа таа вест "лажговци".

 

Веб-страницата TMZ објави дека 20-годишната манекенка била примена во болница откако се обидела да се самоубие во нејзиниот дом во Лос Анџелес.

 

Без да даде повеќе детали, портпаролот на полицијата за АФП изјави дека холивудската полиција била повикана заради обид за убиство во 7.30 часот. Исто така, беше повикана амбуланта и "лицето беше однесено во локалната болница", додал тој.

 

Џексон еднаш се обидела да изврши самоубиство во 2013 година и весниците веќе пишувале дека претходно го сторила тоа неколку пати.

 

Се сеќаваме дека ова не е прв случај во кој Париз мора да побива лажни вести за себе. Во средината на јануари оваа година, таа мораше да ги побие информациите дека е болна и дека се лекува во здравствена установа.

 

"Медиумите претеруваат", рече Париз и дополни: "Да, се одморав од работа, социјални мрежи и мојот телефон, бидејќи понекогаш е се премногу. Но, јас сум среќна, здрава и се чувствувам подобро од било кога."

 

Во минатото, единствената ќерка на кралот на поп музиката, која имаше 11 години кога татко и почина, честопати зборуваше за нејзините проблеми со депресијата. Во изминатите две години, таа започна доста успешна кариера како модел, а се проба и како деби актерка.

 

Париз Џексон е ќерка на Деби Роу, која беше во брак со Мајкл Џексон три години во 1990-тите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.