Голем солистички концерт на Влатко Лозановски на 23-ти март

После повеќе од 10 години на сцената, еден од најквалитетните вокали на Балканои во моментов, Влатко Лозановски ќе одржи голем солистички концерт на 23-ти март во ВИП Арената, со почеток од 20:30.

 

На концертот како што најави денеска Влатко ќе бидат отпеани неговите најголеми хитови, ,,Сонце не ме грее”, ,,Ова лето ќе се памти”, ,,Јако јако”, ,,Мандарина”, ,,Километри” и уште многу други.

 

Лозано за 1-ва скопска изјави дека интересот за концертот е огромен, влезници купуваат обожаватели од сите генерации, од најмлади до најстари и истите се продаваат речиси во сите градови од Македонија. Очекува салата да биде исполнета до последно место со неговите фанови.

 

Од ,,Авалон” велат дека концертот ќе биде со спектакуларна продукција, на ниво на светските концерти, затоа што мислењето на организаторите е дека Влатко Лозановски заслужува таков третман. МГС – Влатко Лозановски Влезниците се во продажба преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на avalon.mk.

 

 

 

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.