Најавена премиера на претпродолжението на „Сопранови"

 Продуцентската куќа „Ворнер Брос" го најави датумот на премиерата на претпродолжението на хит-серијата „Сопранови", првично насловено „Сите светци на Њуарк", а сега наречено само – „Њуарк".

 

Овојпат се работи за филм, а не за серија и приказната го следи ликот на Тони Сопрано во младоста. Во серијата, Сопрано го глумеше холивудската легенда Џејмс Гандолфини, а младиот лик ќе го толкува неговиот син – Мајкл Гандолфини.

 

Сценариото и за филмот ќе го пишува креаторот на „Сопранови" – Дејвид Чејс. Режијата е на Алан Тејлор.

 

Премиерата е закажна за 25 септември 2020 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.