Слаѓа Алегро ја разнежни јавноста со новата фотографија: Моето срце е преполно со љубов!

Познатата пејачка во средината на минатата година се оствари во нова улога, и не крие колку ужива во неа.

 

Слаѓа Алегро во јуни минатата година стана мајка на Мила, која од самиот момент стана центар на нејзиниот свет.

 

Колку таа ужива во родителството, не крие од очите на јавноста, па затоа често на социјалните мрежи ги споделува нежните моменти што ги поминува со нејзината наследничка.  

 

Една од најновите фотографии што ги сподели со обожавателите преку Instagram привлече посебно внимание, а нејзиниот коментар ги разнежни следбениците.

 

- Моето срце е преполно со љубов, што понекогаш мислам дека ќе ми пукне! - напиша Слаѓа со фотографијата на нејзината ќерка Мила.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.