Поранешниот супермодел и на 64 години во одлична форма

Поранешниот супермодел Кристи Бринкли на настан во Њујорк се појави во бел мини-фустан со долги ракави. Инаку, таа има 64 години и е мајка на три деца од три брака.

 

Бринкли во минатото беше мажена со музичарот Били Џоел и со архитектот Питер Хелси Кук. И со двајцата има по една ќерка. Таа, исто така, има и син од бракот со Ричард Таубман.

 

Кристи никогаш не била поддржувач на диетите, но е вегетаријанка уште од нејзината 13-годишна возраст, па според многумина, можеби тоа е клучот за нејзиниот изглед. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.