Кратко траеше романсата, се разведе ќерката на Сузана Манчиќ! (фото)

Теодора Куниќ, ќерката на Сузана Манчиќ, се разведе од богатиот американец, за кого тајно се омажи во март минатата година, објави српски Курир.

 

Причината за падот на бракот, се непремостливи разлики во карактерот меѓу нив и нивните несогласувања кои ги имаа во последните шест месеци.

 

Оваа одлука ја донесе ќерката на Сузана пред три месеци и веднаш ѝ рекла на мајка си.

 

- На Сузана и беше криво кога од ќерка си слушна за разводот, но таа, се разбира, не се спротивстави. До одреден степен, била свесна дека бракот меѓу нив тешко ќе опстане, бидејќи човекот е 20 години постар од Теодора. Ќерката на Сузана веројатно ќе остане во САД, нема намера да се врати во Србија - вели еден извор близок до водителката.

 

Кога Манчиќ ја прашале за некој коментар за ситуацијата, таа дури и не сакаше да чуе. "Немам време, чао", ни рече.

 

Да се ​​потсетиме, Теодора и нејзиниот сега веќе поранешен сопруг стапија во брак пред 10 месеци во Лас Вегас.

 

 

Дури и Сузана не знаеше за нивната интимна церемонија, која беше објавена неколку дена подоцна и ги потврди среќните вести.

 

- Ете, се омажи мојата Теодора во Лас Вегас. Никој не знаеше. Сега сум официјално свекрва ", изјави тогаш Манчиќ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.