АНА И РАСТА СЕ РАЗВЕДУВААТ! Еве кој ја добива куќата, а износот на алиментацијата е ...

Ана Николиќ и раперот Стефан Ѓуриќ Раста  одлучија навистина да стават крај на бракот, па го посетија адвокатот за решавање на сите прашања во врска со разводот.

 

Пејачката и раперот минатата недела ја посетија канцеларијата на адвокат и тогаш беа договорени деталите за разводот:

 

 

"Тие се договорија за спогодбен развод, и со тоа на Ана ќе и се додели целосно старателство над малолетната ќерка Тара", вели изворот за "Свет" и додава:

 

"Иако се шпекулираше дека поделбата на имотот ќе биде проблем, тие се согласија дека куќата која  заедно ја градеа да и припадне  на Тара кога ќе порасне. Ана не сака ништо од парите на Раста, само алиментација. Таа не сакаше да даде понуда за износот и препушти Раста да одлучи колку пари тој сака да даде. Кога тој излезе со предлог од 2.000 евра месечно, Ана не се побуни. Единствениот услов на Раста беше да се гледа со ќерката Тара кога ќе посака, а Ана не се противеше бидејќи знае колку детето го сака таткото и обратно. На двајцата им е најважно Тара најбезболно да помине преку ова и да добие целосна љубов и внимание на двајцата родители ", откри изворот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.