Северина пријавена во полиција за семејно насилство

Сеуште трае борбата за рамноправно родителство за Александар Поповиќ, синот на Северина Којиќ и Милан Поповиќ.

 

Борбата продолжила и добила филмски заплет. Бизнисменот повторно морал да реагира.

 

Милан наводно ја пријавил пејачката во Центарот за социјална работа во Загреб за насилство во семејството. Имено, адвокатскиот тим на Милан, на членовите од Центарот за социјална работа  им ги доставил навредите кои ги упатила Северина кон таткото на нејзиното дете, а со тоа извршила семејно насилство.

 

Причината за оваа пријава всушност е мејл кој Северина му го пратила на Милан, во кој бизнисменот до навредува со погрдни зборови. Покрај овие навреди, во електронската пошта стојат и заканите на пејачката дека ќе направи се за да го заштити синот од таткото.

 

Сето ова е дополнително употребено  за нејзиното обвинение  и заканите во полицијата, дека Милан е виновен за објавените фотографии на кои Северина позира гола пред огледало. Во целата приказна Северина го вмешала и нивниот син Александар, наводно Милан не се грижел за него.

 

Ова било капката што ја прелило чашата па Поповиќ одлучил законски да се заштити себе и наследникот, бидејќи се плаши во какви услови расте поради неконтролираното однесување на мајката. Милан од Центарот за социјална работа бара да ја земат во предвид неговата загриженост и да го заштитат детето од семејно насилство кое го спроведува мајката на неговото дете, со барање да ја санкционираат.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.