По пет години, се снима филм продолжение на „Breaking Bad"

 Авторот на хит серијата „Breaking Bad", Винс Гилиган планира филм продолжение на сагата, речиси пет години откако беше прикажана последната епизода од петтата сезона од шоуто, објави „Варајети".

 

Имено, неименуван извор тврди дека се работи за проектот со работен наслов „Greenbrier" на Њу Мексико Филм Офис, којшто е во претпродукција, и чие снимање почнува во февруари. Во филмот би требало да се појави и Арон Пол, повторно во улога на Џеси.

 

Од продукциската куќа сѐ уште ниту ги потврдуваат, ниту ги одрекуваат овие наводи. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.