Сите сакаат да бидат ангели на Викториа Сикрет, а таа ги напушти. Дознајте зошто

Една од најплатените манекенки во светот, и долгогодишен ангел на Викторија Сикрет, Жизел Бундшен, не е повеќе дел од „ Ангелите“.

 

Причината за ова, манекенката ја гледа во презаситеноста од оваа работа, и потребата да се шета по модната писта, со повеќе облека на себе.

 

„ Некогаш сакав да викам дајте ми некој пердув, или било што за да се покријам“. 

 

Сепак, одлуката да се повлече не била лесна. Бидејќи била во голема дилема, еден ден земала две  ливчиња на кои напишала „ да“ и „не“. Ги затворила очите, и го извлекла ливчето кое длабоково себе сакала да го извлече. 

 

„ Откако го отворив листот на кој пишуваше „не“, знаев дека тоа е правилниот избор“, објаснува убавата бразилка, која сака да биде запаметена и по нешто друго, освен по убавите облини, па затоа сега издава книга.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.