Пејачката Аврил Лавињ проговори за болеста

За познатата пејачка Аврил Лавињ еден период се пишуваше дека е исчезната, подоцна и дека е мртва, а на нејзините настапи се појавувала девојка која личи на неа.

 

Но, всушност таа со години не беше дел од светската музичка сцена поради борбата со болеста од која со години се лечеше. Станува збор за лајмска болест, пишува „Индипендент“.

 

Во отворено писмо до фановите, кое го објави на својот сајт, пејачката откри дека тоа и биле најлошите години од животот и тешка животна борба, пишува Аврил која во 2013 година го издаде петиот албум, а само две години подоцна и била дијагностицирана оваа болест.

 

Станува збор за бактериска инфекција која може да доведе до физички и ментални проблеми, доколку не се лечи на време. Се лечи со антибиотици, а опоравувањето трае неколку месеци. Меѓутоа, пејачката ја немала таа среќа.

 

–Поминав години во борба против оваа лоша болест. Во еден момент морав да ја прифатам смртта и можев да почувствувам како телото ми се гаси. Изгледаше како да се давам, како да тонам и дека ми е потребно да излезам на површината и да земам воздух. Како да бев во река, а струјата ме влечеше надолу, а така очајнички ми требаше да земам воздух, додава Аврил.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.