Комедијата Хотел Гранд премиерно секоја сабота во 22:00

Амбициозната студентка на провинцискиот универзитет за туризам, Ксенија Завгороднаја сонува да работи во угостителството и да раководи со сопствен хотел.

Меѓутоа, нејзините планови, како и студиите пропаѓаат затоа што деканот е целосно опседнат со неа. Девојката сепак се извлекува од состојбата која прераснува во скандал. Таа е принудена да побегне од родното место во Москва, со надеж дека ќе стане хостеса во хотелот во кој работи нејзиниот татко. Но таму запаѓа во целосен хаос, новиот сопственик на хотелот менува се, од управата до името на хотелот. Ксенија го искористува тоа што е гостинка на хотелот и се претставува како квалификувана која сака да добие повисока позиција. Но на лагите и се кратки нозете. Пред Ксенија има само една можност, да се вработи во хотелот, да почне да работи како перачка, а потоа полека да се качува кон врвот на позицијата управник. Дали ќе успее Ксенија да го скроти својот авантуристички дух и да се вклопи во екипата на хотелот?

Гледајте ја ексклузивата комедија на МТМ - ПРВА СКОПСКА ТВ секоја сабота во 22:00 часот. Репризата е секоја недела од 18:00 часот.

 

https://www.imdb.com/title/tt9058120/?ref_=fn_al_tt_2





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.