Свечено пуштена во употреба главната улица во Ќојлија во Општина Петровец (ФОТО)

Со сечење лента денеска официјално се пушти во употреба главната улица во населено место Ќојлија, информираат од Општина Петровец.

 

Станува збор за улица долга 650 метри која е целосно асфалтирана. Финансиските средства во висина од 3.200.000 денари во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец. 

 

 

Покрај градоначалникот Борче Митевски и претставници од Советот на Општина Петровец на пуштањето на улицата присуствуваа и дел од жителите на  Ќојлија.

 

Градоначалникот Митевски се обрати пред присутните жители и им укажа за сработеното до сега, но и за плановите, кои треба да се остварат во следниот период.

 

 

Дел од жителите на Ќојлија јавно му искажаа поддршка и голема благодарност на градоначалникот за сработеното во ова населено место.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.