Жителите на Летевци во Општина Петровец прв пат добиваат питка вода (ВИДЕО)

Жителите на населеното место Летевци во Општина Петровец, после 700 години, колку што постои селото, конечно во своите домови добија вода за пиење.

 

Инвестицијата, во износ од 600.000 денари е на Општина Петровец, а во целокупната изведба е вклучено и локалното население.

 

Како што изјави градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, за да се дојде до чиста и питка вода, пробушувањето е направено на длабочина од 100 метри, а поставен е резервоар со 12.000 литри вода, која стигнува до околу 26 домови во Летевци. Тој додаде дека во моментов сите населени места во општината имаат водоводна мрежа и вода за пиење има секое семејство.

 

Жителите на Летевци на градоначалникот Митевски му врачија благодарница за инвестицијата и се надеваат дека водата ќе ги врати иселените и ќе допринесе да се изградат нови живеалишта.

 

ТВ екипата која присуствуваше на официјалното пуштање на водоводната мрежа изразува благодарност кон жителите на Летевци за нивниот топол и срдечен прием.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.