Пуштени во употреба две нови улици во Петровец (ВИДЕО)

Денеска градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски пушти во употреба две нови улици во населеното место Петровец, изградени од павер елементи.

 

Вкупната должина на улиците е 450 метри, а средствата целосно се обезбедени од општинскиот буџет.

 

Митевски најави дека во ова населено место до крајот на 2019 година ќе се асфалтираат сите улици, а како посебен градежен зафат ја издвои новата улица од 2000 метри, која ќе се асфалтира наскоро и истата ќе ги поврзе Ржаничино и Чојлија.

 

Градоначалникот додаде дека паралелно се одвиваат активности и на одводната каналска мрежа на целата територија на општината, со што ќе се овозможи водовод за сите населени места.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.