РАБОТНО ЛЕТО ВО ПЕТРОВЕЦ: Завршена нова улица и два паркинга (ВИДЕО)

Во населеното место Ржаничино во Општина Петровец денеска се изврши примопредавање на завршена нова улица во должина од 1500 метри и крак на истата улица.

 

Завршени се и градежните работи на два паркинга во истото населено место. Едниот пред православните гробишта, а вториот пред манастирот Св. Богородица.

 

Средствата општината ги обезбеди од два извора и тоа од ЕУ - ИПА Фондовите во износ од 195.000 евра, а 65.000 евра се средства од Министерството за финансии.

 

Завршените проекти во населеното место ќе го олеснат секојдневното живеење на граѓаните.

 

Изјавата на градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски по повод овој настан е во видеото подолу.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.