Одбележан патронатот на ООУ ,,Кочо Рацин,, во Петровец

Во присуство на голем број родители, наставници и ученици, основното училиште Кочо Рацин од Петровец го одбележа патрониот празник.

 

На одбележувањето присутен беше првиот човек на општината, Борче Митевски, кој на наставниците им порача внимателно и со многу љубов да ги едуцираат учениците затоа што, како што рече, иднината е во нивни раце. Тој нагласи дека од ова училиште, излегле голем број истакнити личности во македонскиот општествен живот.

 

 

Општина Петровец со изградбата на новата училишна зграда на училиштето Кочо Рацин, како и со реконструкција на постоечките образовни објекти, значително ги подобрува условите за престој и едукација на учениците. Директорката на училиштето додаде дека годинава освен патрониот празник се одбележуваат и 80 години од издавањето на стихозбирката ,,Бели мугри,,.

 

Во централното ОУ,, Кочо Рацин,, и двете подрачни училишта учат 706 ученици кои со изградба на новата училишна зграда пред четири години и спортската сала имаат подори услови за воспитно-образовниот процес.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.