Четиринаесетта априлијада во општина Петровец

Градоначалникот на општина Петровец, Борче Митевски денеска го посети ОУ Кочо Рацин при што се дружеше со децата од училиштата, кои маскирани го одбележаа меѓународниот ден на шегата, први април.

 

Традицијата на подарување чоколади продолжи И оваа година, па така вкупно
1050 чоколоди им беа подарени на децата од сите училишта И градинката во општината.

 

На забавата која беше исполнета со многу детски песнички и игри, продефилираа најпознатите ликови од приказните на дизни, многу принцези, пеперутки, кловнови, пирати. Дел од нив срамежливо, а дел храбро зборуваа за нивните идеи за маскирањето.

 

Дефилето на маскирани деца во организација на општина Петровец ќе продолжи и во наредните години, велат од општината.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.