Планинарски марш од Струмица до Скопје во чест на Борис Трајковски

По повод 15 годишнината од трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски, осум планинари на 22 овој месец тргнале од Струмица за по традиционален 14-ти пат да му оддадат почит на трагично загинатиот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, со положување цвеќе на неговото вечно почивалиште.

 

Планинарите пет дена патуваат до Скопје, каде минатата ноќ преноќиле во манастирскиот комплекс Ѓуриште, а денеска беа пречекани од градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски со топол чај и ручек за планианрите, а тие за возврат му дадоа благодарница за поддршката која им ја дава секоја година.

 

Планинарите вечерва од долгиот пат ќе одмараат во домот Партенија Зографски, а утре ќе положат цвеќе на гробот на Борис Трајковски на гробиштата во Бутел. Тие независно од временските услови, неуморно пешачат околу 200 километри. Денеска пред целта, беа свежи и неуморни, велејќи дека желбата да се оддаде почит на еден голем човек, каков што беше Борис Трајковски им дава сила да ги издржат тешкотиите кои се појавуваат при патувањето.

 

 

Целта на Меморијалниот марш ,,Борис Трајковски,, е да се одбележат ликот и делото на покојниот претседател.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.