Изградено детско игралиште во Чифлик, општина Петровец

Децата од населеното место Чифлик, во општина Петровец од денеска ќе можат слободно време да го поминат забавувајќи се на ново изградениот детски забавен кој се наоѓа во состав на подрачното основно училиште „ Братство Единство“.

 

За разлика од пред неколку години, кога имаше недостаток од детски игралишта во општина Петровец, сега општината може да се пофали со 13 детски игралишта во сите населени места.

 

Како што напомена градоначалникот на општина Петровец, Борче Митевски, со големо задоволство го предава во употреба ова игралиште, на најмалите, бидејќи претставува уште еден во низата негови реализирани ветувања.

 

Митевски најави изградба на детско игралиште и во населеното место Чојлија, со што ќе се заокружи проектот за изградба на детски игралишта во сите населени места.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.