Општина Петровец привлечна дестинација за црногорските инвеститори

Збратимување на Петровец со Петњица

Во рамките на одбележувањето на роденденот на Општина Петровец, беше официјализирано збратимувањето со Општина Петњица од Црна Гора.

 

Во посета на Општина Петровец дојдена е делегација предводена од градоначалникот на Општина Петењица Самир Аговиќ како и бизнисмени кои ги разгледуваат можностите за инвестирање во Петровец. Градоначалникот Борче Митевски рече дека ова е втора општина што се збратимува Општина Петровец, а целта е да се доближат двата народи особено младите и децата. За да се реализира тоа двете општини ќе аплицираат за грантови од Светска Банка и ЕУ, кои ќе се искористат за посета на општините.


Градоначалникот на Општина Петњица Самир Аговиќ рече дека особено го радува што после првиот разговор со градоначалникот Митевски сватиле дека Петровец има перспектива. Нејзината голема предност се луѓато и хармоничните односи кои владеат во оваа општина. Посебен впечаток остави развојот на индустриската зона Ќојлија која ги увери гостите дека во наредните години ќе биде доста перспективна општина.


Градоначалникот Аговиќ додаде дека она што ги поврзува двете општини е тоа што се мултиетнички. Можности за развој има и Општина Петњица, како на културно и спортско поле, така и на економски план.


Индустриската зона Ќојлија ќе биде доста привлечна и за бизнисмените од Црна Гора кои ќе инвестираат овде. Оваа индустриска зона е најголема во Македонија и има 77 инвеститори , а Општина Петровец според последните податоци бори 9250 жители. Градоначалникот Борче Митевски претставувајќи ја општината и индустриската зона рече дека за неколку години во Петровец ќе нема невработени жители, така што ќе треба да се вработуваат и од другите градови.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.