Заради здравјето на вработените во продавница нема да се пуштаат модерни божикни хитови

Заради здравјето на вработените, во продавница во Велика Британија нема да се пуштаат модерни божикни хитови.

 

Менаџерката на продавницата, Ема Годивала, смета дека модерните божикни хитови би можеле да им ги расипаат празниците на вработените затоа што ќе бидат принудени да ги слушаат секој ден за време на работното време од осум часа.

 

Годивала верува дека и купувачите ќе бидат среќни поради промената, затоа што повеќето трговци на мало веќе започнале да ги објавуваат вообичаените божикни хитови, пренесуваат британските медиуми.

 

Таа исто така вели дека таквата модерна музика се чини дека во никој случај не е погодна за продавница сместена во зграда од 16 век од времето на Тудорите.

 

„Но, исклучок би бил ако Мараја (Кери) се појави во нашата продавница, на пример. Тогаш ние би направиле исклучок, ќе ја игнорираме забраната и накратко ќе ја пуштиме „All I Want For Christmas is You“. Но, тоа не значи дека нема да има божиќна атмосфера во продавницата. Ќе пуштаме музика од „Оревокршачката“ во изведба на Бинг Крозби, Френк Синатра и Ела Фицџералд “, рече таа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.