(Видео) Направи шест метри долг Берлински ѕид од чоколадо, го скрши со чекан и го делеше на минувачите

Францускиот слаткар и експерт за чоколадо Патрик Роже ја прослави 30-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид со тоа што направи и постави чоколадна реплика на ѕидот во Париз, која ја сподели со граѓаните, пренесува „Радио Франс енфо“.

 

Чоколадниот ѕид долг шест и висок три метри кој беше поставен во една улица во Париз, авторот го скрши со чекан и им ги подели парчињата чоколадо на минувачите.

 

 

Роже рече дека употребил речиси еден тон чоколадо за своето дело. На ѕидот имало шари како оние на вистинскиот Берлински ѕид, со имињата на градовите и другите натписи.

 

Чоколадниот ѕид беше пробиен како берлинскиот, Роже и неговиот помошник се чекани удирале во ѕидот сè додека не направиле отвор од кој се појавила испружената рака на случаен минувач.

 

Делови од чоколадниот ѕид, со вкупна тежина од околу еден тон, потоа им беа поделени на минувачите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.