Бугарите и Хрватите се најнезадоволни граѓани во ЕУ

Бугарите и Хрватите се најнезадоволни граѓани во Европската Унија, покажа најновото истражување на Евростат.

 

Просечната општа оценка на квалитетот на живот во 2018 година во Хрватска е 6,3 , а во Бугарија е 5,4.

 

Квалитетот на живот се оценува на скала од 0, која означува целосно незадоволство, до 10 што е оцена за целосно задоволство.

 

Просечната оцена на квалитетот на животот на граѓаните во ЕУ во 2018 година изнесува 7,3.

 

Додека задоволството од квалитетот на живот во Бугарија лани пораснал во однос на 2013 година кога бил оценет со 4,8, задоволството од животот во Хрватска во истиот период стагнирал. Главната причина за незадоволството на Хрватите, според извештајот, се финансиите.

 

Словенците спаѓаат меѓу позадоволните граѓани на ЕУ. Просечната оцена на квалитетот на живот е 7,3 што е на ниво на просекот во ЕУ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.